Вести и настани

23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба

Published on

Со пригоден реферат и програма подготвена од учениците од нашето училиште беше одбележан 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба. Активностите беа реализирани преку разгласната станица во училиштето.

23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба

Во Солун, 1893 година е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.

Македонска револуционерна организација е револуционерно-националноослободителна организација на македонскиот народ. Била основана од шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, со цел по пат на воружена борба да се извојува политичка автономија на Македонија и Одринско.

На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал Централниот комитет (претседател д-р Христо Татарчев, секретар Дамјан Груев). Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија (до средината на 1894).

Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери. Овие шестмина млади луѓе ги ставиле основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Честит празник и почит на нашите борци за слобода и независност!

Popular Posts

© 2015 - 2020 OOUGOCEDELCEV.EDU.MK. ALL RIGHTS RESERVED. DESIGNED AND DEVELOPED BY OOUGOCEDELCEV.EDU.MK TEAM