Следете нè на:

Вести и настани

Во чест на одбележувањето на 4 ти Февруари, роденденот на Гоце Делчев

Денес е значаен ден за нашето училиште, Ден кога славиме 150 години од раѓањето на Патронот на нашето училиште, Гоце Делчев.

     Се гордеам што нашето училиште сигурно чекори во процесите на унапредување на квалитетот на наставата и учењето имајки во предвид дека, во современото општество кое се карактеризира со брзи промени во сите области, воспитно-образовниот процес е поттикнувач на општествениот развој. Знаењето и креативноста се приоритетните ресурси на развојот на општеството. Затоа, целите на ангажирањето во нашето училиште се усмерени кон изградување на ефективно училиште за предизвици и промени во кое се достигнуваат високи образовни стандарди

На овој пат чекориме поведени од космополитската мисла на визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Тој ќе остане запаметен како голем патриот, хуманист кој секогаш зрачел со оптимизам и верба во посветла иднина. Ние сега го живееме неговиот сон, сонот за слободна Македонија. Овие Гоцеви патеки ни даваат поттик да продолжиме да чекорима напред со заеднички залагања за успех на идните генерации кои преку квалитетни знаења и вештини ќе ја градат иднината на современо општество кое успешно ке се справува со предизвиците на иднината.

                                                                          ВД Директор,

                                                                        Снежана Котева

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани