Следете нè на:

Вести и настани

Учество на „Ноември – месец на науката“,

И оваа учебна година младите хемичари се вклучија во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското биолошко друштво (МБД), Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Настанот беше наменет за сите ученици од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, физика, хемија, биологија, географија и математика и се одржуваше на Природно-математичкиот факултет во Скопје во ноември 2017 година.

Вклучуваше повеќе настани: научно-популарни предавања, изложба и натпревар во демонстрации/изработки/експе­ри­мен­ти/симулации/модели од ученици, презентации на искуства од наставници, работилници, посета на лаборатории на ПМФ и други активности.

Со награди на оваа државна манифестација се закитија повеке ученици : Теодор Вескоски- прво место, Александар Василески -трето место, Елена Мијоска -трето место, Адела Еленин – второ место, Теа Апостолоска – трето место

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани