Следете нè на:

Вести и настани

Светски ден на планетата Земја – 22 Април

За одбележување на 22 Април, Денот на планетата Земја, во нашето училиште се реализираа повеќе активности:

Преку иницијативата „Учиме за планетата Земја“, а според материјали од БРО, учениците на две нивоа – од II до IV одделение, како и ученици од V до IX одделение учеа преку одговарање на кратки квизови и презентации со одговори преку кои имаа можност да научат нешто ново за планетата Земја и беа поттикнати на акција за заштита на животната средина.

Беа разгледувани едукативни содржини посветени на значењето на Денот на планетата ЗемјаБеше промовиран еколошки бонтон со значајни еко правила за чување и одржување на здрава животна средина подготвен од Еко одборот во нашето училиште.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја – 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја ОН со низа манифестација поттикнуваат мобилизирање на милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот.

Како што се посочува во пораката од свеската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

„Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и земјата од која расте нашата храна е дел од деликатниот глобален еко систем кој се повеќе е под притисок на човечките активности. Од уништување на тропските шуми до намалување на рибите во океаните, од недостиг на вода за пиење до забрзаното намалување на растителниот и животинскиот свет, како и загадувањето на воздухот и морињата – се е тоа дело на човечките раце“ – изјава генералниот секретар Бан Ки-Мун по повод Денот на планетата Земја.

Во услови на пандемија кога има ограничување на поголем број движења и активности забележани се промени во природата како што се намалено аерозагадување, враќање на животните во градовите. Ова е показател дека луѓето имале одредени штетни влијанија на природата. Ваквата појава наведува на размислување во иднина, кога ќе се намалат рестриктивните мерки заради корона вирусот, да се подобруваат условите за живеење без да се наштетува на околината.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани