На ден 19.04.2018 во нашето училиште се одржа предавање на тема Прва помош од страна на учениците и нивните професорки од средното медицинско училиште “Ѓорче Петров“-Прилеп кои на нашите седмоодделенци во рамките на предметот Вештини за живеење по менторство нанаставничките Ирена Наумоска и Кети Иваноска им презенираа што е тоа прва помош , како се укажува прва помош на повреденото лице, сопирање на крварење, давање на вештачко дишење и реанимација како и демонстрација на преврски на рани.
Учениците имаа можност интерактивно да учествуваат во предавањето, да одговараат и да поставуваат прашања како и меѓусебно практично да направат преврски едни на други.
Соработката ќе продолжи и во иднина со цел дасе подобри квалитетот на наставата како и успехот на учениците по предметот Вештини за живеење.