Следете нè на:

Вести и настани

Сертификат од Јапонската амбасада

Амбасадата на Јапонија го прослави 5-ти мај, Денот на децата во Јапонија, со натпревар за цртање и сликање отворен за сите деца до 12-годишна возраст. Учениците имаа можност преку слика/цртеж да ја изразат импресијата од омилен јапонски цртан филм или друга тематика што ги инспирира, а е врзана со јапонската култура или традиција.

Учениците од V б одделение од нашето училиште под менторство на одделенскиот наставник Сузана Здравеска учествуваа на конкурсот со свои цртежи кои комисијата ги оценила дека се пример на силен придонес во почитувањето на јапонската култура и традиција.

Учениците и нивниот ментор го збогатија нашето училиште со уште едно значајно признание за мултикултурна соработка на народите во светот. (За подетално запознавање: Денот на децата (こ ど も の 日, Kodomo no Hi) е јапонски национален празник кој се прославува секоја година на 5-ти мај.

Тоа е ден посветен на изразувањето почит кон личностите на децата и славење на нивната среќа.На овој ден, семејствата летаат змејови наречени koinobori, во форма на риба, крап (оваа форма се користи поради легендата што вели дека крапот што плива спротивно на течението на водата, станува змеј и одлетува кон небото). Начинот на кој овие змејови летаат на ветер, изгледа како да пливаат. Црниот крап е за таткото, црвен или розев за мајката и еден крап (вообичаено син, или понекогаш зелен и портокалов) има за секое од децата. Понекогаш семејствата прикажуваат и кукла-самурај како јава на голем крап (најчесто ги илустрира јапонските фолклорни херои Кинтаро или Момотаро) и/или традиционалниот јапонски воен шлем, kabuto, како класичен симбол на сила и виталност.

На овој ден вообичаено се послужува кашива мочи (лепливи колачи од ориз полнети со џем од црвен грав и завиткани во дабови лисја) и чимаки (леплив сладок ориз завиткан во лист од перуника или бамбус).

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани