Следете нè на:

Вести и настани

Се едуцираме за детските права

По повод одбележувањето на 20 Ноември, Светскиот ден на детето Ученичкиот парламент во нашето училиште ја покрена иницијативата за разгледување, запознавање, дискусија на правата на децата правата на децата во паралелките како дел од Конвенцијата за правата на детето која содржи права преку кои се обезбедува минимум заштита и минимум стандарди за правилен развој на децата, кои треба да бидат обезбедени од страна на државите.

Оваа заштита на децата треба да биде обезбедена во рамките на здравствениот систем, во рамките на образованието на децата, во правните односи, како и во рамките на социјалните услуги за децата. Со оваа Конвенција човештвото за прв пат во историјата јасно и недвосмислено ги дефинираше неотуѓивите права на најмладите граѓани на државите во светот.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани