Следете нè на:

Вести и настани

Регионален натпревар на младите техничари и природници

На 01.04.2023 година во просториите на Домот за техничка култура – Народна техника – Прилеп, се одржа 47-от регионален натпревар на младите техничари и природници.На натпреварот задоа учество ученици од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета хемија, a Михајло Обрадовиќ од VIII – мо одделение – екологија.

Ученичката Софија Димитриеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета математика, Теодора Крстеска IX – то одделение – применета физика и Михаил Ѓорѓиески IX – то одделение – роботика, под менторство на наставничката Милена Димитриеска. Симона Тасеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

Им честитаме на младите научници за освоените награди и им посакуваме успех и на Државниот натпревар.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани