Следете нè на:

Вести и настани

Регионален натпревар на младите техничари и природници

На16.04.2022 година во просториите на Домот за техничка култура – Народна техника – Прилеп, се одржа 45-от регионален натпревар на младите техничари и природници.

На натпреварот задоа учество три ученички од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар.

Под менторство на наставничката Кети Иваноска, Емили Иваноска од VIII одделение се натпреваруваше во областа применета хемија, Марија Котева од IX одделение – екологија.

Ученичката Софија Димитриеска од VIII одделение се натпреваруваше во областа астронаутика, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

Им честитаме на младите научници за освоените награди и им посакуваме успех и на Државниот натпревар.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани