Следете нè на:

Вести и настани

Првенец на генерација

ООУ “Гоце Делчев” Прилеп на Наставнички совет, согласно чл.75 (3) од Законот за основно образование, како и Правилникот за избор на Првенец на генерација, на предлог на Комисијата за избор на првенец на генерацијата, едногласно ги избра учениците Теодора Ѓорѓиеска, Јована Пејовска, Матеа Танева сите ученички од 9 б одделение за Првенци на генерација за учебна 2023/24 година.

Во конкуренција беше и ученикот Марко Марковиќ на кој училиштето му додели посебно признание. На сите ученици им посакуваме да остваруваат многу успеси и успешно да ги совладуваат сите предизвици на патот на успехот.

На колегите што поставија цврста основа и ги оформија овие ученици и на сите останати им посакуваме да испраќаат уште многу идни генерации со кои ќе се гордее нашето училиште.

Теодора, Јована и Матеа честитки !💫

Гордо чекорете по патот на успехот и секогаш бидете горди што бевте ученици во ООУ „Гоце Делчев“🎖

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани