Следете нè на:

Вести и настани

Постигнат извонреден успех на ликовниот конкурс „Уметност од семиња-славење на биодиверзитетот“

Со голема радост и гордост споделуваме дека нашите ученици постигнаа извонреден успех на ликовниот конкурс „Уметност од семиња-славење на биодиверзитетот“, организиран по повод 26 Јануари-Денот на зачувување на семињата и биодиверзитетот, од страна на Slow food Македонија.

🌱🎨Нашите талентирани ученици се закитија со:🥇 Прво место Дино Трајковски IIв одд. Ментор: Силвана Белушанец;🥈 Второ место Петар Спирковски Vг одд. Ментор: Даниела Наумоска; 🏅Пофалници:Ива Рошкоска Iа одд. Ментор: Христина Момироска; Дарија Свартиноска Vг одд. Марија Мешеска Vг одд. Ментор: Даниела Наумоска; Стефанија Свартиноска Iг одд. Ментор: Даниела Котеска;

Со својата креативност, оригиналност и љубов кон природата, тие покажаа дека уметноста може да биде силна порака за зачувување на биодиверзитетот. Горди сме на нивниот успех и им честитаме за вложениот труд!

👏Им посакуваме уште многу инспирација и нови достигнувања во иднина!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани