Следете нè на:

Вести и настани

Ден на оралното здравје „ЧЕТКАЈ – БЛЕСКАЈ!“

Здравите насмевки почнуваат од детството!

Во Прилеп се одржа прекрасен настан исполнет со многу забава, дружење и детски насмевки по повод Денот на оралното здравје, под мотото:„ЧЕТКАЈ – БЛЕСКАЈ!“

Четири ученички од нашето училиште, од VII-б одделение, Каја Спиркоска, Ева Јорданоска, Бранкица Василеска и Мила Крстеска се претставија со креативна презентација на германско-македонски јазик на тема „Die Zahngesundheit“ (Орално здравје), како и со интересна драматизација „Beim Zahnarzt“ (Кај стоматологот).

Целата активност беше реализирана под менторство на наставничката по германски јазик Викторија Мрмеска Богданческа, која со својата посветеност придонесе за едукативен и инспиративен настап.

Настанот беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје и беше масовно поддржан со учество на ученици од основните училишта, дечињата од градинките, како и од приватните едукативни центри во градот.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани