Следете нè на:

Вести и настани

Поетска манифестација “Детски гласови 2023”

Со идеја за што поголема афирмација и негување на творештвото и пишаниот збор, на книгата и читањето, нашата ученичка Софија Ѓорѓиоска од V б одд. под менторство на наставничката Соња Ранчанова Димкоски, во саботата на 30.09.2023 година зедоа учество на четвртата детска поетска манифестација “Детски гласови 2023”.

Манифестацијата беше дел од програмата на ,,Преспански јаболкобер 2023″.

Традиционално во манастирот Св.Наум во с.Болно, се одржа цветната штафета на мирот од Живко Поповски-Цветин, а од страна на учениците беа упатени моќни пораки за мир во светот.

Подоцна младите поети ги претставија своите творби, кои веќе се дел од заедничката стихозбирка “Детски гласови 2023”.

Им посакуваме многу успеси во иднина на младата поетеса и нејзиниот ментор.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани