Следете нè на:

Вести и настани

Отворена сензорна соба

Во нашето училиште на свечен начин беше пуштена во употреба сензорна соба. За нашето училиште сензорната соба е еден уште една успешно реализирана активност насочена кон реализација на успешни инклузивни процеси. Сензорната соба е резултат на заеднички залагања – обезбедување на соодветни просторни услови од страна на училиштето поддржано од ЛС Прилеп и опремување од страна на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, а како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Целите на овој проект обезбедуваат подобри можности за образование на децата со попреченост и придонес кон развитокот на инклузивно основно образование со осмислени можности за учење на сите ученици со попреченост. На овој начин се придонесува за зајакнување на нивната социјална и образовна инклузија.

Сензорната соба во нашето училиште е придонес повеќе во овозможувањето на целосен и еднаков пристап на децата со попреченост и помагањето во подобрување на подготвеноста и капацитетите на училиштето за развивање на осмислена инклузија преку обезбедување на пристапни и стимулативни средини за учење. Исто така е можност за обезбедување на услови за рамноправна вклученост на децата со попреченост како и за подобрена пристапност за учениците со најразлични образовни посебни потреби, вклучувајќи физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

Сензорната соба е интерактивна просторија опремена со соодветна опрема која помага да се стимулираат сетилата за слух, вид, допир и мирис. Наменета е за работа со деца и млади со нарушувања на сензорната интеграција кои се манифестираат како избегнување или прекумерно уживање во допир, движење, звуци или светлосни сензации, пред се со деца од аутистичен спектар, деца со ADD и ADHD, деца со сензорни оштетувања, ментални и нарушувања во развојот на говорот, пречки во учењето и проблеми во однесувањето.

Престојот во сензорна соба им овозможува на децата да развијат сензорни вештини кои ќе им бидат потребни за живот. Стимулирачката и смирувачка атмосфера овозможува подобрена координација, ги подобрува комуникациските вештини, делува релаксирачки врз децата кои постојано се во движење и го насочува вниманието на неактивните деца.

Важно е да се истакне дека ова не е метод на лекување, туку метод кој ги стимулира сетилата на децата и возрасните со нарушувања на сензорната интеграоција за да им овозможи да ги изразат своите заспани потенцијали и да постигнат емционална рамнотежа.

„Системот на образование нема ексклузивно право на ОДРЕДЕНИ деца.Системот на образование е тој кој треба да го приспособиме за да ги задоволи потребите на СИТЕ деца“

(Linquist,UNESCO,1994}

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани