Следете нè на:

Вести и настани

Огромен успех на нашите хемичари

Регионалните натпревари по хемија се одржаа на 28 мај 2021 година во 22 училишта во Македонија, со беспрекорна организација и почитувањето на протоколите за реализација на натпревари со физичко присуство во услови на пандемија.

И покрај условите во кои се одвиваше наставата оваа учебна година, електронски, на далечина и со скратена програма, кога е особено тешко да се доближи хемијата до учениците и да се мотивираат, нашите хемичари успеаја да се искачат на врвот на ранг листите и да ги освојат првите места, а со тоа и пласман на државниот натпревар кој ќе се одржи на 16 јуни, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Им честитаме на наградените хемичари за освоените награди: Марија Котева 3 – та награда и Иван Кузманоски 1 – ва награда.

На Иван му посакуваме успех и на државниот натпревар.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани