Следете нè на:

Вести и настани

Оглас за доделување стипендии на ученици со попреченост

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РОДИТЕЛИ/СТАРАТЕЛИ

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, со финансиска поддршка од Европската Унија. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Како дел од овој проект ќе се доделат стипендии на 150 деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишани во прво одделение.

Можност за пријавување ќе имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

– Да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение,

– Да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје),

– Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19,

– Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија,

– На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

Огласот за аплицирање е достапен на веб страната на Фондацијата Чекор по чекор www.stepbystep.org.mk (во делот новости).

За условите и секакви дополнителни информации, Ве молиме обратете се до: Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – 072 307 326.

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – 076 279 663.Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“ – 070 256 926.

Важна информација: Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” (Службен весник на РСМ, бр. 109 од 28.5.2019 година).

При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, стипендијата не се смета за приход.

https://stepbystep.org.mk/novosti-i-nastani/oglas-za-dodeluvanje-stipendii-na-uchenici-so-poprechenost-zapishani-vo-i-oddelenie-vo-uchebnata-2021-2022-g

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани