Следете нè на:

Вести и настани

Новогодишна приредба за нашите првачиња

Заедно празнуваме и се радуваме – насмевка на лицето и љубов во срцето!

Најмладите ученици од нашето училиште, првачињата, добија новогодишни пакетчиња од Градоначалникот на нашата Општина Борче Јовчески.

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите првачиња водени од своите одделенски раководители подготвија прекрасна приредба со разновидни изведби – рецитации, песнички, музичко-сценски изведби.

Со новогодишно украсени облеки го надополнија новогодишниот празничен декор околу нив. Веселата атмосфера ја поддржаа родителите и другите присутни гости на програмата, а новогодишната програма беше збогатена со настапот на училишниот оркестар.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани