Следете нè на:

Вести и настани

Наградени нашите вторачиња за групна маска на традиционалниот карневал Прочка 2023 – Прилеп

Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Сѐ тече и сѐ се менува, само Прилепскиот Саат како симбол останува да ја негува магијата на градот, на градската смеа, на историjaта.

Низ годините, централното градско подрачје неколку пати го менувало својот лик, но Саатот останува како градски џин кој го одбројува времето од минатото кон сегашноста.

Многу настани од градскиот живот се одвиваат токму на ова место и во неговата близина, а Саат кулата во Прилеп имаше можност да го зачува во прекрасен спомен и моментот кога вторачињата од нашето училиште му ја искажаа својата почит со својот настап на 21 от традиционален карневал Прочка 2023 во организација на ЛС Прилеп.

Градскиот Саат потоа споменот ќе го возврати кон чаршијата, кон градот, кон жителите и посетителите и ќе нѐ потсетува и понатаму дека не сме ги заборавиле нашите предци, нивната култура и нивниот духовен придонес и прогрес.

За прекрасниот настап групната маска насловена како „Срцето на градот“ се закити со втора награда. Честитки за учениците и нивните ментори Даниела Наумоска, Татјана Јованоска, Христина Илиеска Јорданоска, Митко Стојанов.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани