Следете нè на:

Вести и настани

Младите научници од OOУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

Младите научници, умните глави од OOУ „Гоце Делчев“ со нови достигнувања предводени од менторот Кети Иваноска, четворица шестоодделенци својата летна игра ја заменија со наука, усвојувајќи нови знаења во областа на природните науки.

Имено, на регионалниот натпревар по природни науки организиран од „Македонско биолошко друштво“ кој се одржа на 27 август, со втора награда и учество на државниот натпревар се здобијаа Емили Иваноска и Софија Димитриеска, а трета награда отиде кај Михаил Ѓорѓиески. Пофалница доби Теодора Крстеска.

Државниот натпревар се одржа на 30 септември, на кој трета награда освоија ученичките Емили Иваноска и Софија Димитриеска, а Михаил Ѓорѓиески доби пофалница.

Коренот на учењето е горчлив, но плодот е сладок! Честитки за нашите млади научници за нивните достигнувања.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани