Следете нè на:

Вести и настани

Куклена претстава во нашето училиште

Учениците од прво одделение вчера ја следеа куклената претстава „ Грдото пајче“ од Хан Кристијан Андерсон. Идејата отпочна како дел од потребата учениците да следат куклена претстава како дел од слободните актвности. Улогите ги толкуваа актерот – родител Наташа Наумоска , актерот Михајло Миленкоски, наставничката Елизабета Трајкоска и нашата поранешна ученичка Марија Котева.Техничка поддршка – родител Емил Ачански, куклите ги изработи Игор Кантарџиевски.

Сите тие на прекрасен начин ја приближија содржината на сказната „Грдото пајче“ до учениците. „Не е лошо да се родиш покрај бара заедно со пајките, ако си се извел од јајца на лебед. Но најважно е да го издржиш патот до успехот“- порачаа актерите во изведбата.

Задоволство беше да се следат среќните лица на учениците . Голема благодарност до сите учесници, а соработката со родителите во нашето училиште продолжува како трaдиција.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани