Не престануваат да се нижат успесите на хемичарите од ООУ „Гоце Делчев”. На овогодинешната манифестација “Ноември месец на науката” која има цел за популаризација на природните науки, како и секоја година учествуваа и учениците од ООУ „Гоце Делчев”. На научната манифестација, учениците се натпреваруваа во изработка на демонстрации и експерименти. На 10.11.2018 успешно претставување имаа учениците од Vг одд. кои се натпреваруваа во категоријата Природни науки за петто одделение. Емили Иваноска, Софија Димитриеска и Михаил Ѓорѓиески се наградени со втора награда.

На 17.11.2018 ,во многу силна конкуренција се натпреваруваа хемичарите од VIII и IX одделение и освоја вкупно пет награди. Прва награда освои Елена Пиловска, втора награда Катерина Ѓорѓиоска и Марија Макреска, трета награда Матеа Манџикоска и Андреа Димеска.

„Задоволна сум од постигнатиот успех. Работевме посветено и со многу љубов, мотивирани да успееме да се пласираме меѓу првите најдобри на манифестацијата“- изјави менторот Кети Иваноска.
Младите хемичари во понеделникот на 12.11 гостуваа во емисијата „Ѕвон” која се емитува на МТВ1 каде што зборуваа за своите подготовки како и успесите постигнати на натпреварите.
