Следете нè на:

Вести и настани

Честит 5 ти Октомври – Светски ден на учителот!

Одбележувајќи го 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителите, ја истакнуваме огромната улога што ја имаат наставниците во животот на секое дете: „Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младата личност туку и кон оној на кој му се потребни знаења, вештини и мотивација“.

„Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти“.

„Да се биде учител, наставник, воспитувач, професор е најблагородната, најубавата но и воедно многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување од своето време, времето за себе и најблиските за да се посвети на иднината, на децата и учениците“.

„Учителите се вторите родители на децата, нивни извор на знаење, разбирање и поддршка, личности кои на најмалите им служат како пример, ги образуваат, воспитуваат, им помагаат секојдневно да растат и да се развиваат за здрав и успешен натамошен живот“.

„Професијата наставник комбинира мудрост и младост на душата, креативност и огромна енергија, добрина и сериозност“.

„Мисијата на учителот е одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот“.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 5 ТИ ОКТОМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани