Следете нè на:

Вести и настани

Активности на нашите вредни ученици по повод светскиот ден на детето

Сакани, интелегентни, слатки, среќни, пријатни, културни, немирни, амбициозни….ТОА СМЕ НИЕ ДЕЦАТА, имаме право на љубов, топол дом, среќа, радост, образование, но и обврски кон родителите, училиштето, возрасните.

Нека ни е среќен СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО! Секое дете е прекрасно и единствено, но сите заедно создаваме ремек дело.

“Да нема дискриминација, затоа што без разлика на бојата на кожата, сите деца се еднакви”.

Децата се гаранција за нашата иднина, нашата радост за животот. Во нашето училиштe се обележаa низа активности. Преку интеракција со учениците се зборуваше за детските права. За она кои права и кои обврски ги имаат учениците. Во името на учениците и сите вработени во нашето училиште на сите деца им го честитаме Светскиот ден на детето.

САКАМЕ ТОПОЛ ДОМ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ! МИР ВО СВЕТОТ ПОРАЧУВААТ ДЕЦАТА! ДА ВНИМАВАМЕ ЕДНИ НА ДРУГИ! ДА НЕМА ГЛАДНИ ДЕЦА ВО Светот! ЉУБОВ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ВО Светот! ПОЧИТ КОН Различностите ! ПОДАЈ РАКА СЕКОМУ! НИЕ СМЕ САМО ДЕЦА! ПРЕГРНИ МЕ КОГА СУМ ТАЖЕН!ИДНИНАТА НА СВЕТОТ Е ВО ДЕЦАТА!

Секое дете има право на живот во добра и здрава околина. Да се почитува неговата личност и да биде заштитено од насилство. Да ја развиваме и негуваме емпатијата. Меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите. Не, за меѓуврсничкото насилство!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани