Следете нè на:

Вести и настани

Светски ден на штедењето ‒ 31 октомври

На Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври организиран од Народната банка и Министерството за финансии, учениците Ива Јосифоска 7 б одд. и Адам Калцоски 2 б одд. под менторство на нивните наставници Филип Перески и Сузана Здравеска, освоија награди во категориите Ликовни творби од 6-то до 9-то одделение и Ликовни творби од 1-во до 5-то одд.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии Филип Николоски ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

Конкурсот е дел од активностите на Народната банка, посветен на помладата популација, поттикнувајќи ја на креативно размислување и освојување нови финансиски знаења.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани