Следете нè на:

Вести и настани

Светски ден на детето

Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.Генералното собрание на ОН на 20 Ноември 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993-тата.

Сите држави членки кои ја имаат ратификувано Конвенцијата за правата на детето, според член 19 од Конвенцијата за правата на детето се обврзаа да ги преземат сите соодветни законодавни, административни, социјални и образовни мерки да го заштитат детето од сите облици на физичко или психичко насилство, повреди или злоупотреби, занемарувања или немарен однос, малтретирања или експлоатации, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба.

Децата се високо ранлива општествена група која што лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство и од тоа произлегува потребата за заштита на правата на децата.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани