Следете нè на:

Вести и настани

Регионален натпревар по Хемија

Гордост, труд и љубов кон науката – тоа се вредностите што нашите ученици ги покажаа на Регионалниот натпревар по хемија, одржан на 16 април 2026 година во гимназијата „Мирче Ацев“.

Со одлични резултати и заслужени пласмани на Државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 15 мај 2026 год. на Институт за хемија при ПМФ – Скопје, учениците уште еднаш докажаа дека знаењето и посветеноста носат успех.

Зад овие резултати стои посветената работа и поддршка од наставник-ментор м-р Кети Иваноска.

Им честитаме од срце и им посакуваме многу успех, самодоверба и нови победи на Државниот натпревар!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани