Следете нè на:

Вести и настани

Регионален натпревар на младите техничари

На 27.04.224 година во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ во Прилеп, се одржа 48-от регионален натпревар на младите техничари и природници, организиран од Народна техника на Македонија.

На натпреварот задоа учество ученици од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Матеа Танева – прво место, се натпреваруваше во областа применета хемија, а Теодора Ѓорѓиеска, прво место – агротехника. Невена Цветкоска се натпреваруваше во областа применета географија, освојувајќи прво место, а Матеј Трајкоски, второ место – екологија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

Им честитаме на младите научници за освоените награди и им посакуваме успех и на Државниот натпревар.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани