Следете нè на:

Вести и настани

Одбележан патрониот празник на училиштето

На 04.05.2024 год. се одбележаа 121 години од смртта на Гоце Делчев. Неговите идеи и денес се патеки за културен раст и развој како процес на натпревар на народите.

Во рамки на празнувањето од страна на претставници од училиштето беше положено свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев, како и пред Алеата на непобедените во Паркот на револуцијата.

Почит кон патронот оддадоа и градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, претседателот на Советот на општина Прилеп Дејан Проданоски, пратеници, представници од Советот на општината, претставници од Сојузот на борци, директори од основните и средни училишта, претставници од политички партии и здруженија.

Нека е вечна славата на апостолот Гоце Делчев.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани