Следете нè на:

Вести и настани

„Од неговиот сон до нашиот лет е мотото“

Со гордост и голема радост, на 04.05.2026 година, во просториите на НУЦК „Марко Цепенков“, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп од I до IX одделение, заедно со своите ментори, реализираа пригодна програма по повод патрониот празник.

Преку песна, игра, драмски изведби и креативни настапи, учениците ја оживеаја визијата, идеалите и делото на нашиот патрон, претворајќи го неговиот сон во наш заеднички лет.

💫 Настанот беше исполнет со емоции, ентузијазам и искрена детска креативност, која уште еднаш покажа дека училиштето е место каде што се раѓаат идеи, се негуваат вредности и се градат идни генерации.

👏 Голема благодарност до сите ученици, наставници и ментори кои вложија труд и љубов за да создадат незаборавна вечер.

#ООУГоцеДелчев#ПатронПразник#Прилеп#ГордиУченици#НашЛет

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани