Следете нè на:

Вести и настани

IASS Сертификат

ООУ „Гоце Делчев“- Прилеп од Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје се стекна со „Сертификат за квалитет IASS 2021-2023“. По претходна анализа на интернет за позитивни спомнувања, како и екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција на нивото на квалитет на услугите кои ги испорачуваат како и позитивен пристап во соработката со трети страни одлучено е дека ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп може да се стекне со „Сертификат за квалитет IASS 2021-2023“.

„Воедно, бидејќи како правен субјект континуирано без прекин го потврдувате работењето според претходно доставените процедури сертификатот ќе Ви биде издаден со златен печат“. Сертификатот е само уште една потврда во напорите и чекорите кои ги презема ООУ „Гоце Делчев“- Прилеп за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето, но и стимул за унапредување на постоечките процедури и постапки за работа.

ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп доби и сертификат за општествена одговорност од страна на Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИААС.

Како носител на од IASS сертификатите за интеграција во www.sertifikat.eu.mk училиштето добива бар код при што поенцијалните клиенти ќе може да се уверат дека компанијата е навистина сертифицирана со IASS Сертификат.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани