Следете нè на:

Вести и настани

Еднодневна теренска настава по предметот „Нашата татковина“

Во рамките на изборниот предмет „Нашата Tатковина“, на ден 17.05.2024 година се реализираше еднодневна теренска настава во „Националниот парк Маврово” со учениците од VIII и IX одделение. Учениците имаа можност да уживаат во природните богатства со кои изобилува нашата земја, да се запознаат поблиску со културно-историските знаменитости, а пред сè – да се дружат и рекреираат.

Посетени беа следните локации:🕍 Маврови Анови (Храмот „Св. Кирил и Методиј“, Споменик „Загинати борци на ХЕЦ Маврово“)🌊 Маврово (Мавровското Езеро, Црквата “Св. Никола”, пештерата Шаркова Дупка – богата со впечатливи пештерски украси.) ⛪ Ростуше (Манастирот „Св. Јован Бигорски“, црквата „Пресвета Богородица“ како и спектакуларниот поглед на водопадот Дуф) 💦Видиковецот на кристално чистата река Радика и клисурата Бариќ – една од највпечатливите природни пејсажи во регионот, кој кај учениците разбуди восхит и љубопитност за убавините на нашата земја! Учениците беа видно воодушевени од природната убавина и богатата историја на овие места.

Веруваме дека оваа екскурзија не беше само едукативно патување, туку и искуство што ги зближи учениците, поттикна нови пријателства и создаде спомени кои ќе останат долго во нивното сеќавање.

Овие теренски настави ја развиваат љубовта кон природата и културното наследство на нашата татковина!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани