Следете нè на:

Вести и настани

Државен натпревар за француска шансона

Најдобрите франкофони од земјава, победниците на државните натпревари, добија престој на франкофонскиот летен камп.

На 22 април 2023 година во хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа последниот франкофонски настан за оваа учебна година – државниот натпревар за француска шансона во организација на фондацијата Бел идеал од Париз, Франција во соработка со Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија на кој што ученичката Антонија Донеска од ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп го освои второто место во категоријата основно образование и освои награда за престој во франкофонски летен камп.

Таа се претстави со изведба на песната “Derniere danse“од Indila во придружба на ученичката Марија Велкоска која свиреше на синтисајзер и со прекрасната изведба ги освои срцата на жирито и публиката.

На овој настан најдобрите франкофони во Македонија, односно сите победници на националните натпревари: натпревари за презентации, натпревари за спелување, натпревари за пишување » Кажи ми десет зборови » и натпреварите Олимпијади, добија престој на франкофонскиот летен камп во јуни 2023 година организиран од од фондацијата Бел идеал од Париз, Франција.

Претседателката на Бел Идеал г-ѓа Јадранка Бојковска и претседателката на Здружението на професорите по француски јазик на Република Македонија г-ѓа Валентина Гацоска-Златковска ги доделија дипломите и медалите на сите победници на спроведените државни натпревари.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани