Следете нè на:

Вести и настани

Активности на англиската секција – “Ден на благодарноста”

Среќата започнува со БЛАГОДАРНОСТА, која колку повеќе ја шириме толку повеќе животот не дарува со нешта за кои треба да бидеме благодарни!


Да се заблагодаруваме не само на овој значаен ден за англиската култура и традиција, туку и секој ден!


Им благодариме на нашите родители, наставници, другари…на се она што не опкружува, затоа што токму тие се изворот на нашата радост и среќа.
Денес на интересен начин, ние учениците од VIIте одделенија од АНГЛИСКАТА СЕКЦИЈА, заедно со нашата наставничка БЛАГИЦА ЧАТЛЕСКА, го одбележавме овој ДЕН НА БЛАГОДАРНОСТА преку низа активности кај нашите наставници и помали соученици подарувајќи им подароци со пораки за благодарност за нивната несебична љубов, внимание и другарство.


Благодарноста ни помага да го сакаме животот што го имаме и да уживаме во благодетите што ни ги дарува.


СРЕЌЕН ДЕН НА БЛАГОДАРНОСТА!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани