Следете нè на:

Вести и настани

 ШАМПИОНКИТЕ 

Со огромна гордост и неизмерна радост објавуваме дека ученичките од ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп се новите ДРЖАВНИ ШАМПИОНКИ во мал фудбал, освојувајќи го првото место на државното финале од Плазма Спортските игри на младите, одржано на 30 јуни во Скопје.

Нашите златни шампионки: 🥇 Ања 🥇 Елена 🥇 Ангелина 🥇 Лина 🥇 Јана 🥇 Клара 🥇 Ана Марија 🥇 Мелани 🥇 Лана.

Со срце, пожртвуваност, дисциплина и вистински тимски дух, овие извонредни девојки испишаа нова страница во спортската историја на нашето училиште, достоинствено претставувајќи го ООУ „Гоце Делчев“, градот Прилеп и нашата Македонија.

Посебна благодарност и честитки до нивниот наставник и ментор Игор Чадамов, чија професионалност, посветеност и неизмерна верба во учениците беа клучни во создавањето на оваа шампионска генерација.

Но, ова е само почеток!Како државни шампионки, нашите фудбалерки од 17 до 22 август ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Сплит, Хрватска.

👆Уверени сме дека ќе продолжат да нè прават горди и ќе се борат со истото шампионско срце.

💗Од срце ви честитаме, драги девојки! Вие сте пример дека со труд, заедништво и истрајност секој сон може да стане реалност.❗️Честитки до тимот предводен од наставникот Мартин Митрески и освоеното🥈Второ место во одбојка на песок итимот предводен од наставникот Влатко Тошески и освоеното 🥉 Трето место во народна

❗️ ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп гордо стои зад своите ученици!

#ООУГоцеДелчевПрилеп#ДржавниШампионки#МалФудбал#ГордостНаПрилеп#ПлазмаСпортскиИгриНаМладите#ТимскиДух#ШампионскаГенерација#Сплит2026

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани