Следете нè на:

Вести и настани

Голем успех на нашите ученици на Државниот натпревар по хемија

На 15 мај, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Државниот натпревар по хемија за учениците од основното образование. Нашето училиште повторно покажа дека посветеноста, трудот и љубовта кон хемијата носат врвни резултати.Особено сме горди што сите пет ученици кои го претставуваа училиштето на државниот натпревар беа наградени — успех што претставува круна на нивната напорна работа, многубројните часови подготовка, истрајноста и желбата за знаење.

Постигнати се следниве резултати:VII одделение🥈 Втора награда – Матеј Трајковски🥈 Втора награда – Софија ЃорѓиоскаVIII одделение🥈 Втора награда – Ѓорѓи Ѓорѓиески🥈 Втора награда – Михаил ЗдравескиIX одделение🥇 Прва награда – Лука Атанасоски;

Ментор на учениците е м-р Кети Иваноска, која со својата посветеност, стручност и континуирана работа им помогна на учениците успешно да го развиваат својот талент и љубов кон хемијата.

Им честитаме на сите ученици за извонредниот успех и им посакуваме уште многу освоени награди, нови знаења и идни успеси!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани