Следете нè на:

Вести и настани

Државен ликовен и литературен конкурс „Македонскиот паничар – гордоста на македонскиот двор“

По повод државниот ликовен и литературен конкурс „Македонскиот паничар – гордоста на македонскиот двор“, денес, 10 мај, беа прогласени најдобрите и свечено им беа доделени наградите на најуспешните учесници.

Со особена гордост објавуваме дека Андреа Иваноска, ученичка од VIа одделение, освои Прво место во двете категории – ликовен и литературен труд, постигнувајќи извонреден успех. 🥇🥇Овој голем успех е резултат на талент, креативност, посветеност и љубов кон уметноста и пишаниот збор.

Со својата оригиналност и труд, Андреа блесна меѓу најдобрите и достојно го претстави нашето училиште.

Искрени честитки за Андреа за ова значајно признание, со желби за уште многу успеси, инспирација и нови победи.

Горди сме на тебе Андреа! 👏❤️🇲🇰🐶

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани