Следете нè на:

Вести и настани

„Читаме заедно – растеме заедно“

Со голема радост ја споделуваме првата активност од ученичката иницијатива „Читаме заедно – растеме заедно“, реализирана од Ученичкиот парламент при ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, во соработка со ЈОДГ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

📖 Во рамки на иницијативата беше организирана донација на сликовници, во која учествуваа учениците, родителите и наставниците од нашето училиште. Благодарение на нивната хуманост и поддршка, собравме сликовници кои ќе донесат радост и нови приказни за најмалите❤️🏫

На 03.04.2026 година, нашите ученици ја посетија градинката, каде што:✨ ги донираа сликовниците✨ читаа приказни✨ споделија убави моменти и насмевки со децатаОваа активност покажа дека љубовта кон книгата се гради од најмала возраст, а кога читаме заедно – навистина растеме заедно. Голема благодарност до сите ученици, родители и наставници кои несебично придонесоа и ја поддржаа оваа иницијатива!

📚 Продолжуваме со уште многу убави активности!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани