Следете нè на:

Вести и настани

Соработка со родители

Во рамките на наставата по техничко образование, на тема”Сообраќај и сообраќајна сигнализација “, имавме чест да ни биде гостин родителот од нашатa V-а паралелка Горан Јошески, по професија сообраќаен инженер.

Со своето стручно знаење, практични примери и интересна презентација, тој им овозможи на учениците подетално да се запознаат со значењето на сообраќајните правила, видовите сообраќајна сигнализација и важноста од безбедно учество во сообраќајот.

Учениците со големо внимание и интерес го проследија часот, поставуваа прашања и активно се вклучија во дискусијата.

Ваквата соработка меѓу училиштето и родителите дава значаен придонес во воспитно-образовниот процес и создавање на побезбедна и посовесна генерација учесници во сообраќајот.

Изразуваме искрена благодарност за издвоеното време, посветеноста и желбата своето професионално искуство да го сподели со нашите ученици.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани