Следете нè на:

Вести и настани

Прво место во зонски натпревари во женски футсал!

Со голема гордост објавуваме дека на зонскиот натпревар во женски футсал, одржан на 11.02.2026 година, нашата училишна екипа го освои ПРВОТО МЕСТО! 🏆⚽ и е во 10 најдобри екипи во државата.

☝️Нашите ученички покажаа одлична тимска игра, борбеност, дисциплина и спортски дух. Со посветеност и голема желба за успех, тие достојно го претставија училиштето и заслужено се искачија на највисокото место на пиедесталот.

☝️Им честитаме на сите членки на тимот и на нивниот ментор Кире Стефаноски за вложениот труд и постигнатиот успех.

👍Ви посакуваме многу нови победи и успеси во следните натпревари! Браво девојки – горди сме на вас! 👏

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани