Следете нè на:

Вести и настани

Светски ден на енергетската ефикасност 5 Март

Светскиот ден на енергетската ефикасност се одбележува секоја година на 5 март, почнувајќи од 1998 година, кога во Австрија се одржа првиот меѓународен состанок за енергетска ефикасност.

Целта на овој ден е да се подигне свеста за важноста на намалување на потрошувачката на енергија преку рационално и одржливо користење, како и промоција на обновливи извори на енергија наместо фосилни горива.

Учениците од Секцијата на Млади Физичари и Еколошката секција истакнаа постер за заштеда на енергијата, изработија флаери со пораки за заштеда на енергијата и истакнаа пораки за заштеда на енергијата на повеќе места низ училиштето.

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани