Следете нè на:

Вести и настани

Новогодишен перформанс по изборниот предмет “Театар – уметност на емоции”

Учениците од петтите одделенија од нашето училиште, како дел од часот по изборниот предмет “Театар – уметност на емоции”, имаа можност практично да ги покажат своите способности на новогодишна приредба за родителите.

Нашите петтооделенци со нивниот вложен труд ни приредија топла новогодишна атмосфера во која уживавме сите. Со успешни рецитации и театарски претстави(“Зимски сон” ,”Мразна топка” ,”Дедо Мраз”…) беа главни sвезди на новогодишната приредба. Нивниот успех во изминатово полугодие беше крунисан со оваа новогодишна празнична претстава.

Сите присутни, учениците не пренесоа во прекрасен новогодишен сон.Вредните ученици ги покажаа своите афинитети кон актерството, доловувајќи ги на сцената ликовите.Театарските претстави беа организирани со цел да ги поттикне креативните способности на учениците.

Ви посакуваме убави новогодишни и божиќни празници исполнети со здравје,среќа и волшебни моменти!

Платени реклами

Не пропуштајте!

Платени реклами

СЛЕДЕТЕ НÈ НА Facebook

Повеќе од Вести и настани