Училиште

Основното општинско училиште „Гоце Делчев” – Прилеп се наоѓа во реонот на урбаната заедница „Гоце Делчев” – Прилеп, ул „Мечкин Камен” бр.2 . Просториите и техничките услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања во воспитно- образовниот процес.

Во составот на училиштето работи и подрачна паралелка во с.Големо Радобил. Наставата се изведува во две згради во матичното училиште и една во подрачното. Просториите и просторните услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања за воспитно- образовниот процес.

Училиштето е опремено со потребниот мебел и инвентар кој е адекватен на неговата намена. Училниците, исто така, се збогатуваат со потребен инвентар и нагледност за изведување на активна настава и истите тековно се одржуваат. Исто така располага со наставни средства и технички помагала чиј број континуирано се збогатува. Училиштето ги следи потребите на учениците и преку примена на современи наставни стратегии ги унапредува учењето и поучувањето на учениците од различните развојни периоди.