Ученички екскурзии

април 13, 2013 Напишал admin

Во оваа година се планираат екскурзии од наставен карактер , екскурзии од општо воспитно – образовен карактер , комбинирани ученички екскурзии за забава и рекреација.

Преку нив учениците ќе имаат можност да ги прошират своите знаења , да добијат сознанија за одделни подрачја од животот и работата на луѓето , да се запознаат со природните убавини и културно – историските знаменитости на поблиската и пошироката заедница.Училиштето организира излети за сите ученици двапати во учебната година во есен и во пролет , а се изведуваат во поблиската околина во траење од еден ден.Училиштето организира екскурзија еднаш во учебната година во траење од три дена и тоа: за учениците од трето одделение – еден ден , за учениците од шесто одделение – два дена , за учениците од завршното одделение – три дена.

Коментари