Соработка со локалната средина

Проект “Зедничка грижа за правилно насочување на учениците“

1

Родителот е наставник - Предавање кое се одржа на 08.11.2016 година за учениците од 7 одделение. Предавањето беше на тема „Деформации на рбетниот столб кај адолесцентите“. Благодарност до Д-р Борче Јовчески - специјалист ортопед.

Повеќе...

Предавање за заштита од ХИВ вирус

15233621 1487517511277996 994697188 o

Во рамките на соработка на училиштето со Центарот за јавно здравје, за учениците од деветто одделение беше одржано предавање за заштита од Хив вирусот, преку кое учениците се едуцираа за мерките за превенција од оваа опасна болест.

Проект "Зедничка грижа за правилно насочување на учениците"

3

Родителот е наставник, предавање на тема: Исхраната во периодот на пубертет и адолесценција во VIII одделение. Благодарност до родителот Верица Петреска - доктор по општа медицина.

Повеќе...

Проект „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“

WP 20161005 09 47 29 Pro LI

„Родителот е наставник" е активноста која се реализираше во третите одделенија. Учениците од III одделение поканија родител – лекар кој на третачињата им го олесни учењето на содржина од природните науки преку објаснувања со демонстрирање и користење на повеке нагледни медицински помагала. Активноста се реализираше на 05.10.2016 година, со наслов „Репродукција - создавање новороденче“.

Повеќе...

Соработка со локална заедница

14517592 1090987567623174 7547932642400854594 n

Со самиот почеток на учебната 2016/2017 година започна и соработката на наставникот по француски јазик Ирена Наумоска со младите волонтери од Франција (Sebastien Hays Cloutour, Baptiste Arnaud, Meidhi Charvet) при Младинскиот информативен и советодавен центар Инфо Сега. Слушањето на автентичниот француски јазик како и многобројните активности и игри кои се применуваат во текот на часовите по француски јазик го направија изучувањето на овој предмет да биде на огромно задоволство од страна на учениците од шесто, седмо, осмо и деветто одделение. Се поттикнува мотивацијата и интересот кај учениците како и развивањето на говорните вештини т.е. изразувањето на француски јазик. Преку различни работилници се стимулира примената на познавањето на овој странски јазик во реални ситуации.

Повеќе...

Реализација на проектот на МОН и БРО ”Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”

На ден 24.11.2014 во просториите на ООУ „Гоце Делчев“-Прилеп се реализира ден на “ родители- предавачи “.

Беше организирано предавање од страна на раководителите на паралелките во 7 одделение и  родителот Кузманоска Изабела,инспектор за малолетничка деликвенција,  на тема Превенција во малолетничката деликвенција.12

Реализација на проектот на МОН и БРО ”Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”

На ден 03.11.2014 во просториите на ООУ Гоце Делчев-Прилеп се реализира ден на родители- предавачи.

Повеќе...

Страница 1 од 2

<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>