Француско-Македонска Божиќна вечер

15541307 1175288082526455 8778733037552746339 n

Во рамките на проектот Француско -Македонски културен клуб на 20 декември во кафе барот Вирус беше одржан настан во соработка на ИНФО СЕГА и професорките по француски јазик Мирјана Бошковска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев", Ирена Наумоска од ООУ „Гоце Делчев", Весна Трајческа од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу" и Љупка Томиќ од ООУ "Кире Гаврилоски-Јане" кои и оваа година придонесоа овој настан да биде успешен.

Француско -Македонската Божиќна вечер беше организирана по втор пат од тимот на ИНФО СЕГА. На настанот настапија ученици со музички точки, комични театарски претстави, мјузикли и сл. Младите франкофони од нашето училиште изработија Новогодишни честитки и оригами со пораки и желби на француски јазик кои ги читаа а потоа им ги подарија на присутните гости и учесници на настанот. Во топла Божиќна атмосфера и празнично украсен амбиент учениците имаа можност да се дружат и да се забавуваат а истовремено и да го афирмираат свето познавање на францускиот јазик.