Секцијата по француски јазик "Млади Франкофони" во текот на учебната година 2012/13 имаат реалицирано многу интересни активности. По повод одбележувањето на меѓународниот ден 22 Март нашето училиште и наставничката Ирена Наумоска организираа франкофонска вечер насловена "Звуците на франкофонијата". На програмата зедоа учество млади франкофони од ООУ"Гоце Делчев" како и ученици од други основни и средни училишта од нашиот град.

Француско-Македонска Божиќна вечер

15541307 1175288082526455 8778733037552746339 n

Во рамките на проектот Француско -Македонски културен клуб на 20 декември во кафе барот Вирус беше одржан настан во соработка на ИНФО СЕГА и професорките по француски јазик Мирјана Бошковска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев", Ирена Наумоска од ООУ „Гоце Делчев", Весна Трајческа од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски- Питу" и Љупка Томиќ од ООУ "Кире Гаврилоски-Јане" кои и оваа година придонесоа овој настан да биде успешен.

Француско -Македонската Божиќна вечер беше организирана по втор пат од тимот на ИНФО СЕГА. На настанот настапија ученици со музички точки, комични театарски претстави, мјузикли и сл. Младите франкофони од нашето училиште изработија Новогодишни честитки и оригами со пораки и желби на француски јазик кои ги читаа а потоа им ги подарија на присутните гости и учесници на настанот. Во топла Божиќна атмосфера и празнично украсен амбиент учениците имаа можност да се дружат и да се забавуваат а истовремено и да го афирмираат свето познавање на францускиот јазик.

Активности на секцијата по француски јазик

optimizirana-pet thumbАктивностите на учениците кои се членови на секцијата по француски јазик се многу интересни и ја поттикнуваат нивната креативност и оригиналност.

Повеќе...

Одбележан денот на Франкофонијата

naslovnaПо повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Франкофонијата 20 март, во Прилеп се одржа Франкофонска вечер под наслов “Звуците на Франкофонијата“.

Повеќе...