Во склоп на нашето училиште одлично функционира и секцијата по англиски јазик која им овозможува на учениците да ја развиваат нивната љубопитност и креативност и интересот кај нив за изучување на англискиот јазик. Членовите на оваа секција беа активни во текот на целата година и ги покажуваа своите знаења на неколку натпревари на кои учествуваа. Така ученичката Лесновска Инес(VII-г) влезе во финале на натпреварот SPELLING BEE. Ученичката Дамјаноска Доротеа од VIII-a одд. освои прво место на регионалниот натпревар по англиски јазик и воедно освои и трето место на натпреварот организиран од Петта приватна гимназија во Скопје , и II место на републичкиот натпревар во организација на ЕЛТАМ.

Ден на благодарноста 2016

IMG 1217

Наставниците по англиски јазик, реализирајќи цели од наставната програма по англиски јазик, со учениците од одделенска и предметна настава организираа активности во кои учениците направија најразлични изработки за одбележување на Денот на благодарноста. Од изработките беше направена изложба, а најуспешните творби беа наградени.

Одбележување на британскиот празник Halloween

114Во нашето училиште , на 31.10.2014,се одбележа британскиот празник Halloween преку одржување на натпревар меѓу учениците од I -IX одделение.

Повеќе...

Thanksgiving day

Учениците од седмите и осмите оддленија кои членуваат во англиската секција, под раководство на наставничката Чатлеска Благица,го одбележаа Денот на благодарноста преку креативни изработки на "Thanksgiving trees" - дрвја со пораки на благодарност, различни пилиња и мисирки, кои се симболи на овој празник.

Повеќе...