Секцијата по физика во нашето учичиште е формирана со цел да ја популаризира физиката помеѓу учениците , па затоа членуваат ученици од најразлични возрасти со најразлични успеси. И оваа година нашите физичари не останаа без натпревари , тие учествуваа на натпреварот организиран од НАРОДНА ТЕХНИКА која се оджа на 06.04.2013 година , во која учествуваа: ученичката Матеа Илиеска од VIII одд. во областа Астронаутика и се закити со прво место , ученичката Симона Гешоска исто така од VIII одд. во областа Астрономија , со освоено трето место и ученичката од VII одд. Ангела Кочоска во областа Применета Физика , освоено второ  место.