Исто така во нашето училиште активно работи и секцијата по предметот биологија. Оваа учебна година членовите на секцијата активно работеа на двата проекти: Анорексија и Булимија. Со спроведени истражувања во нашето училиште како резултат на овие два проекти се брошурите за Анорексија и Булимија , нивни симптоми и спречувања. Во тек се уште два нови проекти на секцијата , превенција од Алкохолизам и Наркоманија. Секцијата го одбележа денот на планетата земја на 22 Април со ликовна изложба , делење на брошури , собирање на отпад во училишниот двор и презентации за поштенски марки со еколошки мотиви. Ученичката Доротеа Дамјаноска , под менторство на наставничката по Биологија Донче Ангелеска , учествуваше на натпреварот од Народна Техника во областа Применета Биологија и го освои второто место.