Меѓу позначајните ученички активности во нашето училиште високо место зазема и Историската секција која работи под раководство на наставниците Велика Лесновска и Ризо Трајкоски. Целта на оваа секција е да се доближи подалечното и поблиското минато до учениците. Ваквото доближување на историското минато кај учениците создава способност за критички однос кон историските личности и настани. Преку најразлични проекти учениците се запознаваат со нашата традиција и обичаи. Се организираат екскурзии од научен карактер посета на културно-историски споменици.